Втор смртен случај во болницата во Гевгелија. Утрово околу 3.30 почина 14 годишно девојче од Миравци, јавува Телма.
Девојчето најпрво било однесено во волницата во Валандово па префрлено во Гевгелија.
Семејството обвинува дека девојчето починало поради неажурност на персоналот во гевгелиската болница бидејќи откако виделе дека сосотојбата е критична веднаш не ја испратиле за Скопје.
Според роднините на девојчето тоа починало додека го чекало болничкото возило кое како што изјвија за Телма доцнело цел час. Од гевгелиската болница, пак, велат дека направиле се’ за да го спасат девојчето.
Телото на девојчето е дадено на обдукција во Скопје.


