Вучиќ: Ако во јуни дојде голем производител на автомобили, со костум ќе скокнам во ташмајданскиот базен


Во изјава за ТВ Прва, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето што ќе се случи со работниците на Фиат кои се незадоволни од понудата на компанијата да останат без работа или да да заминат на работа во странство, тој рече дека „Стелантис“ е приватна компанија и дека не може да им каже што да прават. За овие работници, Вучиќ рече дека државата ќе им помогне на ист начин како што им помогнала на работниците на Геокс – да добијат друга работа.

„Потпишавме договор и ќе субвенционираме производство на електрични автомобили за да ги заштитиме работниците во Крагуевац и Фиат, новиот модел ќе биде многу поуспешен од „500 Л“ и овој нов договор ќе биде 100 пати поповолен од претходниот договор“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека државата ќе види како може да им помогне на работниците во Фиат, иако во суштина нема никаква обврска да го прави тоа, но со помагањето на работниците Србија си помага и самата на себе. Тој наведе дека од 1.100 работници на Геокс, кои ја напуштиле Србија, 500 од нив се вработиле во Теклас преку државата, додека другите неколку стотици се вработиле во германска компанија. „И сите имаат значително повисоки плати отколку во „Геокс“, исто како што во фабриката на „Фиат“ ќе имаат повисоки плати со новиот модел, отколку кога се преизведуваше „500 Л“, рече Вучиќ.

Тој вели дека е зачуден од пишувањата на одредени медиуми кога станува збор за Фиат, бидејќи работниците имаат право да се грижат и да бараат помош, иако тоа нема никаква врска со капитализмот. „Медиумите знаат дека не живееме во социјалистичка самоуправа… Ова е транзициски период, „Стелантис“ ќе задржи две третини или три четвртини од работниците, зависи од „Стелантис“, тие ќе бидат платени. Во понеделник или вторник Брнбиќ ќе ги прими работниците од „Фиат“ за да видиме што може државата да помогне дополнително“, рече Вучиќ.

Тој додава дека нема дилема дека „Стелантис“ ќе ги исполни своите обврски околу производството на автомобили и задржувањето на одреден број работници.

Вучиќ напомена дека дел од работниците мора да заминат на обука во странство, како што беше случај во речиси сите други нови фабрики во Србија.

Претседателот на Србија денеска најави дека во втората половина на јуни ќе се знае одлуката на еден голем светски производител на автомобили дали ќе инвестира во Србија и вети дека со задоволство ќе скокне облечен во костум во базен, ако тоа навистина се случи.

„Ветувам дека ќе скокнам со костум во ташмајданскиот базен, ако добиеме позитивна вест во јуни. Таа вест е многу важна и за понатаму – ја завршив работата за Србија“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека одлуката се очекува во втората половина на јуни, а во игра се уште две земји.

Откако компанијата „Стелантис“ објави дека во Србија ќе се произведува нов електричен автомобил, работниците од фабриката во Крагуевац -„Фиат“, добија понуда да изберат меѓу работа во странство и отказ со симболична отпремнина. Тие најавија големи протести и блокада на Крагуевац и Белград доколку не се најде друго решение за нивната ситуација.

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести