WWW го прослави 30-от роденден: Не сакавме ваков интернет

Раѓањето на http Конференцијата во Женева ги собра на едно место интернет и технолошките експерти, но и му даде нова шанса на ЦЕРН да ја промовира својата репутација како отворен инкубатор на идеи. Бернерс-Ли работел таму во втората половина на 80-тите години на минатиот век и се обидувал да го надмине јазот во комуникацијата и документацијата меѓу различните компјутерски платформи. Како млад софтверски инженер, дошол на идеја за изработка на протокол за трансфер на хипертекст (hypertext transfer protocol или http), со што е поставена основата на интернет-мрежата. Системот http им овозможи на текстот и малите фотографии да бидат пренесувани преку софтвер – првиот пребарувач што Бернерс-Ли го претстави во 1990 година и се смета за почеток на мрежата. Во пракса, пристапот до пребарувачот од домашен компјутер првпат го направи интернетот лесно достапен на потрошувачите. Оттогаш, Бернерс-Ли стана еден вид татко на интернет-заедницата, беше прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора и магазинот „Тајм“ го избра за еден од најважните личности на 20 век. Загриженоста за правецот во кој оди интернетот ја делеа и други панелисти на конференцијата, особено во делот на контролата на интернетот од страна на големите корпорации и судирите во киберпросторот меѓу државите. – Предизвиците доаѓаат од истото место што ја прават мрежата прекрасна и тоа е тешкотијата, изјави Зејнеп Туфекчи, професорка на Универзитетот во Северна Каролина. – Отвореноста е прекрасна, поврзаноста е прекрасна, исто така и фактот дека беше креирана како мрежа за академици кои имаат доверба едни во други, вели таа. Но, сега на мрежата „има огромна централизација, а неколку големи играчи стануваат нејзини чувари“. – Тие неколку големи играчи практично изградија машини за надзор. Сето е базирано на набљудување што нè профилира и потоа нè таргетира за реклами, а тоа воопшто не беше оригиналната идеја, изјави Туфекчи. Извор:Дојче веле – Бон,MИА]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс