Казнети се 216 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од МВР денеска соопштија дека од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
]]>


