Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во тоалетот на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Извор: lokalno.mk


