За ракометарите на Катар награда од 32 милиони евра, стан, Масерати…

Ракометната репрезентација на Катар постигна историски успех со пласманот во полуфиналето на Светското првенство, кое се одржува во оваа земја.

Катар во четврт-финалето ги порази фаворизираните Германци со 26:24.

Покрај големиот спортски успех, ракометарите на Катар остварија и голема финансиска добивка, кој се чини нереална за ракометните услови.

Поточно, со пласманот во полуфиналето, тие ќе бидат наградени со 32 милиони евра, што ќе ги поделат меѓусебе, а исто така ќе добијат и наместен стан и Масерати автомобил.

Катарската ракометна репрезентација е вистински легија на странци, во која играат голем број на играчи од овие простори (Елдар Мемишевиќ, Горан Стојановиќ, Јово Дамјановиќ, Данијел Шариќ, Жарко Марковиќ), како и Рафаел Капоте од Куба, Шпанецот Борха Видал …

Најчитани вести