За само три месеци Владата направила буџетски минус од 207 милиони евра

Утрински весник. Овие податоци можат да се извлечат од новиот, втор по ред предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии, откако претходно беше опфатен периодот до 14 февруари кога во државната каса за месец и пол бил направен минус од 141 милиони евра, или 48 отсто од вкупно предвидениот дефицит. Вчера Министерството за финасии ги објави и редовните месечни бројки за буџетот во февруари, според кои излегува дека во јануари и во февруари вкупниот дефицит е 123 милиони евра, што е помалку од претходно прикажаниот износ за месец и пол. Инаку, според измените на Изборниот законик, Министерството објавува предизборни финансиски извештаи, кои треба да обезбедат отчетност за потрошените буџетски средства во периодот пред изборното соочување. Според извештајот, од 1 јануари до 19 март државата наплатила 457 милиони евра преку даноци и други давачки, а во исто време потрошила 665 милиони евра, или повеќе за 207 милиони.]]>

Најчитани вести