За убиството во Ѓорче, 14 години затвор

Судот го осуди на 14 години казна затвор, Насер Ештрефи, за убиството на матурантот Анѓел Петковски, минатата година во населбата Ѓорче Петров. Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска ја објави пресудата со која Ештрефи е прогласен за виновен за кривичното дело убиство. Судот му ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата. По убиството лани во Ѓорче Петров избија протести и судири, при што беа уништени неколку дуќани и кафулиња, а имаше и приведени.

 Фото: Телма

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести