Заборавете на патиките, Адидас штотуку исфрли кломпи и целиот интернет ги сака – а имаат и пристојна цена

Заборавете на патиките, Адидас штотуку исфрли нов модел на патики и тоа кломпи.

Во нивната најнова колекција се појавија кломпи, или како што ги нарекуваат – апостолки, под името Адимуле.

Достапни се во шест бои, од нежна беж и пастелно розова до класична црна, и чинат околу 100 евра. Адидас го опишува Адимуле како луксузна верзија на својот познат модел Адилет, со посебен фокус на врвна удобност.

Ако се прашувате што добивате за 100 евра, одговорот е: кломпи со природен ѓон од плута и горен дел и влошка од кожа.

Adidas истакнува дека се совршени за лежерни, опуштени денови. Дизајнот е минималистички и суптилен – тешко дека би претпоставиле дека се од колекцијата на adidas на прв поглед, бидејќи се украсени само со мало лого на предната страна. Овој модел е унисекс и изгледа многу елегантно.

Во време кога обувките што ја ставаат удобноста на прво место стануваат сè попопуларни, а трендот на носење „домашни обувки“ надвор од домот е во пораст, Adimula брзо го привлече вниманието на модните ентузијасти. Многу инфлуенсери веќе ги нарекуваат „чевли на летото“.

За сите оние на кои кломпите Birkenstock како моделот Boston им беа на врвот на листата на желби, но ги одбиваа високите цени (од 150 до 160 евра), Adidas нуди многу слична алтернатива по поприфатлива цена. Којзнае, можеби еден ден овие два германски бренда официјално ќе ги здружат силите – фановите сигурно тоа би ги воодушевило.

Најчитани вести