Зaдруга на 600 земјоделци во Грција: Сигурен пласман, организирано производство и стандарди

Принципот на кој функционира оваа задруга е пред се правила и критериуми кои мора да се почитуваат од страна на членките.
Секој производител има свој баркод кој е во евиденција и се следи неговото производство. Под тој бар код, секој производител има следливост, што произведува, колку и со каков квалитет се производите.
Кога земјоделецот ги носи производите во задругата прво поминуваат низ примен дел, каде агроном кој е ангажиран од задругата, ги проверува, сортира и проценува во која класа се производите.
Потоа оди на вага, се мери количеството и се пушта во линија за калибрирање, сортирање и пакување. Исто така се испитува и нивото на пестициди во производот.
Потоа овошјето и зеленчукот се пласираат на пазарите и трговските ланци меѓу кои и Лидл, или се преработуваат во фабриката „Венус“. За тоа се задолжени меаџерите на задругата кои постојано се во потрага по добри пазари за пласман. Исплатата на производителите се врши најдоцна за 2 месеци, а цената зависи дали е 1, 2 или 3 класа производот.
Примерот со задругата во Вериа, само потврдува дека се може да се реализира ако се сака и ако се знае како. Не треба да се прифаќа повеќе опра вдувањето дека кај нас не можат да се здружат земјоделците. Како ќе фунционира задругата најмногу зависи од менаџментот кој треба да бара пазари и да преговара со откупувачи. Сите предрасуди околу менталитетот ќе се тргнат настрана кога ќе видат земјоделците дека така имаат повеќе пари. Да не заборавиме дека и државата дава пари и поддршка за формирање на земјоделски задруги и со тоа сите услови се исполнети за поголем развој на задругарството и кај нас. Извор:Агротим.мк]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести