Заев како член на жирито на „Сараево бизнис форум“ додели награди за најдобрите бизнис компании и поединци во БиХ

Поранешниот премиер Зоран Заев како член на жирито на „Сараево бизнис форум“ додели награди за најдобрите бизнис компании и поединци во БиХ.

„Чест ми е што учествував на Сараево бизнис форум 2022, како говорник на првиот панел, но и како член на жирито кое ја направи селекцијата на годинешните добитници на награди за придонес кон подобрување на регионалната бизнис клима и за создавањето идеи кои носат економски развој.

Доделивме признанија за најдобар бизнис и најдобар нов бизнис, за општествена одговорност, за најдобра инвестиција, за најдобар БиХ бренд амбасадор и за најдобар бизнис потег на годината.

Во време на економска криза предизвикана од КОВИД-19 која веќе се спојува со последиците кои ги носи руската агресија врз Украина, ваквите бизнис форуми се особено важни. Кризата бара сериозни промислувања и сериозни одговори за да може да им се помогне на економиите, а со тоа на граѓаните“, напиша на Фејсбук, поранешниот премиер Заев.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести