(ВИДЕО) Заев: Материјалите кои ги доставивме откриваат кој го нарачал прислушувањето

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  денес достави  над 100 илјади разговори и над 18 илјади СМС пораки опфаќа доказниот материјал од прислушкувањето, како доказ за случајот „Пуч“.

Овие доказни материјали покажуваат дека немало закани врз премиерот и било каков поткуп.

„Во материјалите кои ги доставивме има разговори кои откриваат кој го нарачал прислушувањето, вели Заев.

Тој истакна дека е потребно да се создадат услови за разгледување на целиот случај во кој Мијалков и Груевски извршија кршење на уставниот поредок.

Вели дека услови ќе се создадат кога врхушката на оваа власт ќе падне.

Заев побара откако доказниот материјал кој го достави ќе биде разгледан, да биде повлечена кривичната пријава за „Пуч“.

Извор: Репортер.мк

Најнови вести

Најново од Uncategorized, Ударни вести

Најчитани вести