„Вардар ни приреди вистинско уживање на сите и ова е голем ден за македонскиот фудбал“, напиша Премиерот Зоран Заев на својот Твитер и Фејсбук профил.
Победата на Вардар против Фенербахче и историскиот пласман во фазата по групи од Лига Европа ги крена на нозе сите. Премиерот Зоран Заев, наведе дека ова е голем ден за фудбалска Македонија.
Вардар славеше среди Истанбул со 1-2 на гостувањето кај Фенербахче, и со тоа, по победата од 2-0 на домашен терен во Скопје, нашиот шампион успешно ја мина последната пречка во квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, со што стана првиот македонски фудбалски клуб кој успеал да избори место во групите од некое елитно европско клупско натпреварување.


