Со овој чекор Груевски ги докажува гласините дека „бомбите“ на Заев се убиствени за неговиот режим. Апсење на лидер на опозиција, во момент кога тој најавил дека ќе објави беззаконија и криминал на високи владини функционери, е издигање на македонската автократија на квалитетно ново ниво.
Ако на оваа власт и ова и помине, како што поминаа илјада други работи, демократската борба против неа ќе стане апсолутно невозможна. Следуваат сто години садамизација на Македонија. Затоа сега се зависи од бомбите на Заев и од реакцијата на македонската јавност на оваа ситуација. Ако и ова го голтнеме без отпор, сета зла судбина што ни следува ќе ни биде сосема заслужена!
ЗАТОА ЗАЕВ, НЕ ЧЕКАЈ СО БОМБИТЕ НИ МИНУТА, НАРОДЕ, НЕ ГЛЕДАЈ СЕИР!!!
Фејсбук статус на Жарко Јорданоски


