Во изјава за медиумите, Заев рече дека програмата на новата Влада нуди решенија за она што е важно за сите граѓани, за државата и за заедничката иднина.
– Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја, успешно и ефикансно справување со светската пандемија, нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и силни институции со ред, правда и ефикансност, правна држава и владеење на правото, модерно образование, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, добри меѓуетнички и меѓусоседски соработки, истакна Заев.

Економијата и забрзаниот економски раст, како што посочи, се еден од приоритетите на новата Влада, а најави и структурни реформи во јавната администрација за таа да стане уште поефикасна.
– Реформата во институциите почнува толкму со составот на оваа Влада. Таа ќе има седум министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Време на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото, комплетен ветинг на функционерите, рече Заев.
Во следните четири години, како што рече, планот е да се отворат 80 отсто од преговарачките процеси, а во следните шест години целосно да биде завршен овој процес.
MИА
]]>


