
-Огромна штета материјална, економска, на деловни субјекти, на луѓето кои обезбедуваат егзистенција. Добро е што нема жртви, тоа е најважноа се друго ќе надокнадиме со солидарност, како со струмичани, така и со општната и Владата – изјави Заев.

На средбата со пожарникарите кои се бореа со страотниот пожар им изрази почит и благодарност за несебичната пожртвуваност и работа.
-Ова е страшно да го гледаш, а не внатре да бидеш, секоја чест – им се обрати Заев на пожарникарите и потенцираше дека во оваа акција учествуваа 6 возила со над 30 луѓе а имаше и засилување од другите градови.

ТППЕ Струмица веднаш по првата појава излезе на лице место. Согледувајки ја сериозноста и големината на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на единицата и тоа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила.
Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода. Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев.

Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути. Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета.

Видеото погледнете го на следниот линк.
]]>


