За да продолжи ефикасното справување со кризата, потребна е одлука за вонредна состојба. Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега.
Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици.
Да не заборавиме – ова е борба за највредното, човечкиот живот. Справувањето со коронавирусот бара сериозна посветеност од институциите, но и од нас како поединци. Да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките и задолженијата од надлежните институции и на тој начин секој од нас да придонесе за побрзо надминување на заканата што ја носи коронавирусот.
]]>


