Милче П. (1964) од Скопје го загуби животот откако, управувајќи трактор на локалниот пат село Побожје – село Бродец, изгубил контрола, излегол надвор од коловозот и се превртел во провалија.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, кај месноста Две реки.
Настраданиот управувал трактор со приколка, без регистарски таблички, а починал на лице место.
Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција


