Тригодишно дете загина во сообраќајна несреќа која се случи околу 20,30 часот на регионалниот пат Страцин – Кратово во село Туралево, јави Прес 24.
Зад воланот на автомобилот „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки бил Миле С. (45) од село Подржикоњ кај Крива Паланка.


