Случувањата низ САД за легализација на марихуаната се поздравени како почеток крајот на „војната против дрогата“. Но што се случува со луѓето кои се обвинети за престапите кои повеќе не постојат? И дали досиејата на уапсените сега ќе бидат избришани?
Ова е голема година за пушачите на тревка. Бизнисот цвета во продавницте во Колорадо, каде првпат луѓето можат да си купат марихуана за пушење за лично задоволство. Продавниците во државата Вашингтон ќе бидат отворени за неколку месеци, а властите се фокусираат на нов извор на долари од даноци од политиката која сега има широка народна подршка.
Но додека моментот на реформите зема залет, од страна се појавува ново прашање – што е со судбината на оние кои во минатото биле уапсени.
Секоја година во текот на повеќе од три децениии, низ цела Америка биле извршени стотици илјади апсења поврзани со марихуаната. Според активистите, десетици илјади од оние уапсени заради одгледување, продавање и шверцување на марихуана, во моментов лежат во затвор. Барем 12-мина од нив одлежуваат доживотна затворска казна во федералните затвори, без можност за помилување, само заради поврзаност со марихуаната и без насилни престапи.
Во петиција за помилувањее на петмина од тие луѓе, Мајкл Кенеди, адвокат од Њујорк и директор на магазинот Хај тајмс, тврди дека нивните казни станале „некомпатибилни со нашето денешно разбирање на основната коректност и правда“ заради менувањето на ставот кон строгите казнувања и промената во „верувањето околу користа од марихуаната и нејзиниот потенцијал за штетност“.
Дури и оние кои не биле осудени и само уапсени заради поседување на марихуана – во количини кои се сега легални во Вашингтон или Колорадо – имаат досие во полицијата, кое може да предизвика проблеми кога овие лица аплицираат за работа, кога бараат кредит за да дојдат до свој дом или до студентски кредити.
– Работодавците редовно прават безбедносни проверки и во многу случаи не прават никаква разлика помеѓу апсење и осудување, вели Марк Мауер од Проектот Осудување, кој води кампања за реформи во осудувањата. „Секој контакт со системот за криминална правда во основа им боде очи на многу работодавци“. Тој вели дека ова создава „длабоки расни нееднаквости“.
Се проценува дека од 1986 до 2010 година бројот на апсења заради поседување марихуана во државите Вашингтон и Колорадо изнесувал 450,000 лица. Адвокатите велат дека луѓето сега почнуваат да бараат малите обвинувања во врска со марухуаната да се избришат или да бидат далеку од очите на јавноста. Мнозина можеби и не сфаќаат дека таквите промени се можни.
Во државата Вашингтон, Џо Фицгибон, пратеникот од Демократската партија, минатата година поднесе амандман овој процес да се забрза и лесни. Амандманот никогаш не излезе од канцелариите на комитетот каде беше на разгледување, но тој се надева дека годинава подбро ќе помине кога „прашината ќе слегне“ по легализацијата.
– Сметам дека ќе ова биде вистинска можност да им се даде на луѓето шанса за нов почеток, рече тој. „Ова може да биде политичка одлука од закнодавството, дека е ова криминал кој луѓето не веруваат дека повеќе треба да биде имајќи на ум дека постојат илјадници луѓе кои заслужуваат втора шанса“.
Некои активисти велат дека стојат настрана во барањето во кампањите за промени на законот да се применуваат ретроактивно, за да не се доведат реформите во опасност. Една иницијатива за легализација на Аљаска од 2000-та, не успеа што се однесува на делот да им се гарантира амнестија на оние кои биле обвинети во минатото, и за можна компензација за нив.
– Внимателно се обидуваме да останеме настрана од оваа дискусија, вели Ален Ст.Пјер, извршен директор на организацијата Нормл за реформи за марихуаната. „Моралноста од наша гледна точка е јасна, но политичкиот прагматизам прави таа тешко да биде прифатена“.
Ваквиот дефетизам се однесува против заборавањето на со децении растечките стапки на апсења и затворски казни заради престапи со дроги, како што беа прифатени и од лево и од десно политиките на „строгост кон криминалот“.
Во повеќето земји во светот, затворските казни можат да бидат намалени во светло на промените на законот, но не и во САД. Во еден извештај од Универзитетот во Сан Франциско се открива дека една од само 22 земји, од испитаните 193 земји низ светот, не се обезбедува некој вид на автоматско ослободување.
На државно ниво, некои реформи на строгите казни заради дрогите веќе се применуваат ретроактивно. А на федерално ниво, се случуваат потези за да се овозможи ретроактивно ослободување во однос на една дрога заради која казните во минатото сега се смета дека се посебно неопходни – со кокаинскиот крек.
На основа на стравовите околу опасноста од крекот кои подоцна беа потврдени, во 1986 година Конгресот донесе Закон против злоупотреба на дроги, кој создаде однос на казнување еден спрема 100 помеѓу крекот и кокаинот во прав. Ова значи дека ќе бидат потребни 500 гр. кокаин во прав за да се досуди иста минимална мандатна петгодишна затворска казна заради 5 гр. кокаински крек, форма на дрога која се продава во мали количини и затоа е ефтина и попопуларна во сиромашните населби.
Тоа создаде „посебно вознемирувачка расна нееднаквост“, вели Мери Прајс од организацијата Семејствата против Мандатните минимуми.
– Тоа беше сосема катастрофално за афроамериканските заедници, вели таа. „Има цели генерации на деца кои отишле во затвор на долг период, а некои од нив се уште ги отслужуваат тие казни“.
Режимот на строгото казнување заради крекот беше два пати рефмирмиран, прво според упатствата од Комиисијата за казнувања во САД во 2007, а потоа според Законот за фер казнувања од 2010 година.
Овие промени за неколку години ги скратија затворските казни за илјадници луѓе чии казни го надминуваат мандатниот минимум.
46-годишната Стефани Норд од Мобајл, Алабама, е една од оние кои имале корист од овие реформи кога била ослободена на почетокот на 2011 година.
Во 1990 година, таа била осудена на 30 години затвор зараду помагање на некој дилер на кокаински крек да почне со бизнисот.
– Имав четири деца и бев бремена со уште едно во затворот, вели таа. „Чувствував дека животот ми заврши и вистински не верував дека од прва добив 30 години затвор, и дека влегов во неволји заради некакви озборувања“.
Бидејќи таа не била фатена со никакви дроги, вели дека имала цимерка која била уапсена со скоро 500 гр. кокаин во прав, а била осудена на 11 години – помалку од половина од нејзината казна.
Реформите на казната за мандатен минимум заради кокаинскиот крек, не се прават ретроактивно, но тоа може да се смени според амандманот по кој во моментов се води дискусија во Сенатот, Законот за умно казнување.
Тој закон во иднина ќе ги намали мандатните минимални казни за сите прекршители на закнот. Исто така ќе овозможи ретроактивно ослободување на отприлика 8,800 престапници заради крек, со просечно намалување на околу четири и пол години од сечија затворска казна.
Во декември, претседателот Барак Обама даде сигнал за неговата подршка со укинување на казната за осум луѓе осудени заради кокаински крек, во контекст на „нееднаквоста според законот која сега се препознава како неправедна“.
По тоа следеа потези на јавниот обвинител Ерик Холдер да испрати во затвор луѓе заради помали престапи поврзаи со дроги, и да го ограничи бројот на мандатни минимални казни.
И покрај зголемената загриженост околу трошоците да се задржат луѓето во преполнетите затвори во Америка, реформите во казнувањата заради дроги е тема која одеднаш создава жесток двостран интерес, вели Мери Прајс.
– Ова е ислучително, имаме конзервативци кои во јата се приклучуваат кон оваа тема. Мислам дека постои – посебно помеѓу конзервативците кои не давале отсекогаш поддршка – вистинско препознавање дека ги трошиме парите на плаќачите на даноци сосема неразумно“.
Тод Клир, експерт за затворски казнувања и декан на Универзитетот Рутгерс во Нуарк, цврди дека и малите иницијативи можат да помогнат да се намалат апсењата и казнувањата. Но тој не очекува длабоки правни промени. Како што објаснува, „тука нема некаква голема победа за политичарите“.
]]>


