Една жена е мртва а едно лице се заканува дека ќе се самоубие фрлајќи се од покривот на Детската клиника во Скопје.
Според информациитe на порталот Курир, вечерва околу 20,40 обезбедувањето на Клиниката пријавило во полиција дека на пoкривот има непознато машко лице, а дека во негова непосредна близина има женско тело кое било во бесознание.
На лице место дошле Алфите и се обиделе да ја реанимираат девојката, но таа не давала знаци на живот.
Претпоставките се дека машкото лице кое се заканува дека ќе се самоубие ја давело девојката.
Машкото лице се уште се наоѓа на покривот. Од МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека на лице место се испратени специјални екипи, преговарачи од единицата за специјални задачи, а на местотo се поставува и балон кој би спречил самоубиство.


