Започна со работа АГРОТИМ – специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза

Агротим.мк ќе функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата. Освен контактите преку платформата, Агротим ќе биде на терен, со директни контакти со земјоделците. Ќе се организираат средби, трибини, форуми и друг вид на едукативни активности. Особено ќе се стави акцент на развојот на договорното производство како најдобар начин за решавање на проблемот со пласманот на земјоделските производи. Агротим.мк е поврзан и во тесна соработка со агроберзата Инфотим.рс преку чија платформа ќе можат земјоделците и агробизнисмените да се информираат за движењето на цените на земјоделските производи, понудата и побарувачката на одредени производи но и да воспостават директни контакти и да тргуваат. Во овој проект се вклучуваат и неколку компании од агрокомплексот кои покажаа општествена одговорност и желба да се помогне во едукацијата на земјоделците и модернизирање на македонскиот аграр. АГРИА, СН осигурителен брокер, Благој Ѓорев, Подгорка, Кожувчанка, Синпекс, Везешари, Хемомак и други. Целта ни е заедничка – поголем развој на домашното производство на храна и приближување на македонските производи кон европските и светските стандарди. Раководител на проектот е Ленче Николовска.]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести