Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска му честиташе на Фридрих Мерц за неговиот избор за германски канцелар.
Зеленски му честиташе на Мерц на платформата Икс, а пораката ја напиша на англиски, германски и украински јазик.
– Украина е длабоко благодарна за поддршката на Германија и нејзиниот народ. Вашата помош спаси илјадници и илјадници украински животи. Искрено се надеваме дека Германија ќе стане уште посилна и дека ќе видиме поголемо германско лидерство во европските и трансатлантските работи. Ова е особено важно со оглед на тоа што иднината на Европа е во прашање – и ќе зависи од нашето единство, наведе Зеленски/
Германија е втор најголем снабдувач со оружје на Украина по САД. Сепак, Киев постојано го критикуваше претходниот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, за неговото одбивање да испрати ракети Таурус.
МИА


