Земјоделци, барајте нова влада ако сакате субвенции

За денеска неколку земјоделски здруженија најавија протест поради неисплатените субвенции за 2016 година и добар дел заостанати од претходните години. Одма да ви кажам, земјоделци, слободно излегувајте и не се плашете од никакви освети од власта дека ќе ви ги укине субвенциите. Никој повеќе не ви може ништо, оваа власт гледајте ја како минато. Ако можеа досега ќе ви ги исплатеа парите. Но не смееат. Согласно измените на Изборниот законик до формирање на нова влада не смее да се  исплаќаат субвенции. Пробаа нешто, најдоа кој да ги потпише налозите во Платежната агенција (новиот директор Златков) но нема таков „јунак“ во министерството за финасии. Никој нема да ризикува да прекршува закон. Ситуацијата треба веќе да ви е јасна. Пари ќе добиете САМО СО ФОРМИРАЊЕ НА НОВА ВЛАДА која ќе ги почитува законските одредби и роковите за исплата на овие буџетски средства наменети за директна поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Се друго што ќе слушнете е лага. Секое преговарање со власта во заминување ви е залудно. НЕМОЖАТ ништо да направат, ни арно, ни лошо повеќе. Не протестирајте  кај министерот за земјоделство, не го молете министерот за финансии и не му се плашите на Груевски. Барајте само нивното заминување ако сакате да си ги добиете парите кои ви следуваат со закон. Земјоделските субвенции се ДРЖАВНА мерка, а не партиска и тие НЕ ви зависат од Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Ленче Николовска

 

Најчитани вести