Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман утринава од 09:45 часот е блокиран од страна на земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.
Патот е блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори, а сообраќајот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочува по споредни патишта.
Немањето пласман и ниската откупна цена денеска ги расфла праските по улиците а патот Градско-Прилеп еден час беше под блокада.
Овоштарите од Росоман се роволтирани и бараат итно решавање на проблемот или протестите ќе се радикализираат.
Повици за барање алтернативни пазари и интервентно решавање на кризата упати и градоначалникот кој нагласи дека во прашање е доведен опстанокот на општината.


