Земјоделците бараат државна помош за искористување на парите од Ипард 2

Слаба искористеност на парите од Ипард 1 програмата што ЕУ ги доделува за инвестиции во македонскиот аграр.
Големата административна процедура и немањето помош од државата ги тера земјоделците да се откажат од овие пари. Даниел Паланков од Муртино конкурирал и потпишал договор за користење пари но откако се соочил со многуте бариери се откажал да гради автоматизирана оранжерија.
Само 30 насто од Ипард 1 програмата се искроистени велат од Министерството за земјоделство според кои последниве две години  интерсот за европските пари се зголемува. Според нив Ипард 2 програмата носи олеснителни околности во постпките за аплицирање но и поголем процент на врќање на инвестициите.
Кај земјоделците и нивните здруженија постои интерес за користење на прите од ЕУ но не се доволно инофмрирани.
Ипард 2 програмата  на ЕУ стартува од идната година и ќе трае до 2020 та година. Секој што ке инвестира во земјоделството ќе му бидат вратени 60 до 80 насто од инвестицијата.
Ване Трајков

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести