Земјоделците да не потпаѓаат на лажни вести и шпекулации, никој нема да ги поништи огласите за земја

АГРОТИМ постојано прашуваат за евентуални промени, укинување на мерки или Јавни повици за државна земјоделска земја. Последните прашања се однесуваат на 4 Јавни повици за државна земјоделска земја до 3 хектари кои МЗШВ ги објави на крајот на 2019 година, а аплицирањето трае до 22 јануари. До земјоделците доаѓаат информации дека огласот ќе се поништи, залудно вадат документи, новиот дополнителен заменик министер нема да потпише и слични дезинформации. -На сите овие шпекулации ќе одговорам со апел до земјоделците да го запазат терминот за аплицирање до 22 јануари, документите да им се комплетирани и најважно од се да не подлегнуваат на лажни вести, шпекулации и провокации дека огласот заради техничката Влада ќе биде пониште – изјави за АГРОТИМ, министерот за земјоделство, Трајан Димковски и додаде дека со распишувањето на изборите ќе се запре само постапката на потпишување договори, а до тогаш нема да има никаков застој. Извор: АГРОТИМ – специјализирана платформа за информации од агрокоплексот ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести