Згаснува агенцијата Танјуг

Српската државна новинска агенција „Танјуг“ згаснува по 72 години постоење. Министерството за култура објави дека после двата неуспешни обиди за приватизирање на агенцијата таа ќе биде затворена, а вработените ќе добијат отпремнина.

Телеграфска агенција нове Југославије“ започна со работа за време на Втората светска војна во 1943 година по иницијатива на Јосип Броз Тито. После крајот на војната Танјуг станува официјалната државна новинска агенција на ФНРЈ со седиште во Белград, а по распадот на Југославија во 90-тите години Танјуг станува српска државна новинска агенција.

Најчитани вести