Зголемено потење во текот на ноќта, што влијае за оваа непријатна појава

Причини за прекумерно потење се различни, менопауза, користење на одредени лекови, дијабетична хипогликемија, хипертироидизам , невролошки проблеми и слично. Една од најчестите причини за ноќно потење кај здравите луѓе е кофеинот.

Ако имате проблем од прекумерно потење во текот на ноќта избегнувајте кафе, зашто кофеинот делува на нервниот систем и го загрева телото. Научниците потенцираат дека со ограничување на кофеинот ќе се намали и ноќното потење и топлите бранови. Истражувачите сугерираат дека ограничувањето на кофеинот може да помогне да се намали сериозноста на ноќното потење и топлите бранови.

ПМС Предменструалниот синдром е изразен кај 70% од жените, а еден од симптомите е зголеменото потење.

Ако пак претерано се потите а немате проблем со здравјето, можно е причина за тоа да биде и погрешниот избор на постелнина, затоа наш совет е задолжително да избегнувате постелнина од синтетика.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести