Поранешниот заменик-министер за надворешни работи и дипломат Андреј Жерновски со остра реакција на социјалните мрежи по повод молкот на претседателката на државата околу неодамнешниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Ако некој требаше прв да го осуди нападот врз градоначалничката на Скопје, тоа е претседателката на државата. Можеше и мораше да застане во нејзина одбрана, ако ништо друго, тогаш барем како жена која осудува насилство врз жени. Но, партиската послушност е очигледно поважна од моралот и етиката, на кои до вчера толку гласно се повикуваше професорката. Срамота!“, напиша Жерновски на Фејсбук.
Неговата објава предизвика бројни реакции во јавноста, особено меѓу граѓанските организации кои долги години се борат против насилството врз жени. Според нив, тишината од врвните државни функционери во вакви ситуации испраќа опасна порака.


