За кариерата на Бензема се знае повеќе или помалку, но она што не е толку познато за овој триесет и тригодишник е неговиот приватен живот односно неговата приказна што изгледа како сценарио за филм.
Имено, родителите на Бензема се викаат Хафид и Вахида Џебара, а средното име на Бензема е Мустафа.
Хафид Бензема е роден во Алжир. Тој емигрирал во Лион, во 1950-тите, каде што ја запознал Вахида.
Карим има дури осум браќа и сестри, а нивните имиња се Греси, Сабри, Фарид, Лидија, Софија, Летиција, Нафиса и Селиа. Карим е четвртото дете во семејството, но прво машко по трите ќерки.
Животот на Хафид и Вахида не им бил воопшто лесен, живееле во населба каде што имало висока стапка на криминал. Токму во тие „води“ извесно време завршил и Карим, но татко му успеал да го врати на вистинскиот пат.
И браќата на Карим, Греси и Сабри, сакале да станат фудбалери, но не успеале ни да се доближат до славата на нивниот брат, ѕвездата на Реал, кој годинава, иако веќе на крајот од кариерата, блесна како никогаш досега. Тој го носи Реал кон новата титула во Лигата на шампионите и титулата на шпанската Ла Лига.


