Интегрален текст од соопштението на ЖРК Вардар.
Веста за несреќата на Робертина Мечевска силно не потресе сите во клубот. Девојките беа на попладневниот тренинг кога ја слушнаа веста. Во моментов Робертина Мечевска е примена на Клиничкиот Центар во Скопје, и клубот прави се што е во негова моќ да и помогне, да го надмине ова што и се случи.
Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје.
Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот.
Луѓето од клубот веднаш по дознавањето беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот.


