Зидан повторно ќе игра во боите на Франција, но овој пат не Зинедин, туку неговиот син Енцо, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според информациите од француската фудбалска федерација, играчот на Реал Мадрид прифати да ги помине лекарските и физичките тестови во седиштето на француската фудбалска репрезентција во центарот Клерфонтен, во рамките на селекцијата до 19 години.
Енцо Ален Зидан Фернандез веќе има играно за боите на Шпанија за репрезентацијата до 15 години, а неговото доаѓање во Франција не значи дека тој дефинтивно ја избра репрезенатцијата на триколорите.
Фудбалскиот талент на Ензо Зидан се уште не е потврден, односно е уште е рано да се каже дека го има талентот на неговиот славен татко. Во моментов тој игра во резервната екипа на Реал Мадрид и на 18 годишна возраст се уште не го има облечено дресот на Кастија, втората екипа на Реал која игра во втората шпанска лига.
Да се има славен татко-фудбалер не е лесно, тоа го покажува историјата на фудбалот. Но сепак Ензо Зидан го привлекува вниманието на јавноста и сигурно нема да ја избегне споредбата со Зинеден. И тој игра на истото место како татко му, но тој треба да го изгради својот имиџ и начин на игра, за да ги избегне споредбите.
]]>


