Знак од небото: Плачат иконите во Русија и во Украина

Во повеќе од десет манастири низ Русија и Украина во исто време почнале да плачат иконите на светците,  а солзите имаат видливо црвена боја

-Бог ги предупредува луѓето во Русија и Украина за големата катастрофа што ги очекува наскоро. Тоа не е исклучено, вели Томаж Терилковски, главен и одговорен уредник на полскиот католички портал Фронд.

Феноменот со солзите беше пронајден во манастирите во Одеса и Ривн во Украина, и Ростов на Дон и Новокузнецк во Русија.

Иконите во руската историја досега плачеле два пати. Првиот пат пред Октомвриската револуција и колапсот на руската империја, а вториот пат пред падот на СССР. И во двата сслучаи навестиле крвави конфликти со голем број на жртви.

И во православната и католичката традиција феноменот на црвени солзи на светите икони на Богородица е знак „од горе“. Солзите се појавуваат кога верниците треба да се покајат и да си ја зајакнат својата вера.

]]>

Најчитани вести