ЗНАМ ја потврди информацијата на ТВ 24: Максим Димитриевски ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат

Коалициските партнери во власта се уште ги пеглаат предлозите за кандидати за градоначалници и листи а за кои се уште официјално не се изјасниле.

Од ЗНАМ денска информираа дека освен за Куманово веќе се разговара да имаат свој кандидат кој ќе биде поддржан и од владините коалициски партнери во една скопска општина но не открија за која станува збор.

Повеќе детали за тоа но и околу изборниот модел најавија во текот на следната недела, а Филков посочи дека и министерството за правда ќе свика поширок и посеопсежен брифинг токму на темите околу изборниот модел и изборниот законик и самите подготовки за изборите а кои се во доменот на ресорното министерство.

Дека се спремни да разговараат и во одредени општини да поддржат кандидати за градоначалници и на помалите коалициски партнери денеска посочија и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Сепак остануваат на ставот дека до средината на јули ќе биде познат и кандидатот за градоначалник на Скопје.

Во фаза на избор на кандидати се и од Бихаќка и веќе најавија дека се прават внатрепартиски анкети, а како што веќе посочија отворени се за коалиција со партии со слична идеологија не исклучувајќи ја можноста за коалицирање и со ДУИ чии пак лидер Али Ахмети на одбележување на 23 годишнината на партијата уште еднаш повика на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. 

Влен пак од своја страна најавуваа преговори за проширување на парламентарното мнозинство со пратеници од Европскиот фронт.

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести