Неколку членови од украинскиот состав на Олимпијадата во Сочи, во знак на протест поради крвавите инциденти во Киев одлучија да се повлечат од Игрите.
Меѓународниот олимписки комитет информира дека добиле известување од алпската скијачка на Украина, Богдана Мацоцка го прекинува својот престој во Сочи. Заедно со неа од Игрите се повлече и нејзиниот татко и тренер Олег Мацоцки.
На овој чекор тие се решиле како реакција против се она што се случува во главниот украински град Киев.
– Како членови на украинскиот олимписки тим сакаме да ве информираме дека сме згрозени од потезите на претседателот на Украина Виктор Јануковиќ кој наместо преговори употреби оружје врз протестантите. Тоа што се случува во нашата земја претставува кршење на старите принципи на Олимписките игри, а тоа е примирје насекаде низ светот, објави Мацоцка.
Првиот човек на Украинскиот олимписки комитет, легендарниот Сергеј Бубка од украинските репрезентативци во Сочи побара да покажат единство, но додаде дека го почитува правото на сите спортисти сами да донесат одлука дали сакаат да останат до крајот или да се вратат во Украина.
]]>


