ЗОИ: Финска кај мажите, Норвешка кај жените победници во крос-кантри спринт екипно

Машката репрезентација на Финска и женската на Норвешка на своите земји им донесоа уште еден златен медал од Олимпијадата во Сочи по денешните победи во нордиската дисциплина спринт екипно класичен стил.

Финскиот состав го сочинуваа Сами Јаухојаерви и Ливо Нисканен. Тие првото место го освоија со време 23:14.89 минути.

Втората позиција им припадна на Русите Никита Криуков и Максим Вилежанин со резултат 23:15.86.

Шведска во состав Емил Јонсон и Теодор Петерсон до бронзениот медал дојде со време 23:30.01.

Во женска конкуренција за победникот Норвешка настапија Марит Бјерген и Ингвилд Остерберг, второ пласираната Финска ја претставуваа Керту Нисканен и Аино-Каиса Саринен, а исто како и кај мажите бронзен медал освои Шведска во состав Ида Ингемарсдотер и Стина Нилсон.

]]>

Најчитани вести