ЗОИ: Фото финишот за Французинот Волтие

Французинот Пиер Волтие триумфираше на сноуборд патеката во дисциплината крос, откако по фото финишот беше побрз од Русинот Николај Олиунин.

Ова за Франција е првиот златен медал во сноуборд, а олимпискиот шампион Волтие покрај победата во финалната трка, победуваше и во претходните трки (полуфинале, четвртфинале, осминафинале).

Покрај Русинот Олиунин на пиедесдатлот се најде и Американецот Алекс Деболд со освоен бронзен медал.

Овие две селекции (Русија и САД) ја зголемија вкупната бројка медали и имаат по 19, додека за Франција ова беше трет златен медал на Игрите во Сочи.

]]>

Најчитани вести