Германскиот натпреварувач Ерик Френцел го освои златниот медал на Игрите во Сочи во дисциплината нордиска комбинација.
Френцел првото место го освои откако освои 131,5 поени од скокот, а патеката долга 10 км. ја мина со време 23:50.2.
Второто место и сребрениот медал му припаднаа на Аките Ватабе (Јапонија). Тој од нормалната скокалница оствари должина доволна за 130 поени и иако беше побрз во трчањето од победникот (23:48.4) сепак со дополнителните 6 секунди поради послабиот скок, во вкупниот пласман заврши како втор со време послабо за 4.2 секунди.
Бронзениот медал отиде кај Магнус Крог кој успеа лошиот пласман по скоковите (20.место со 115,8 поени) да ги надомести со вториот најдобар резултат во трчањето (22:55.3) и на крајот да биде трет со 8.1 секунда заостанување зад шампионот.
]]>


