ЗОИ: Германците не го испуштаат водството

Спортистите од Германија и натаму се наоѓаат во водство според бројот на освоени златни медали на Зимските Олимписки игри во Сочи. Осмиот златен медал вчера го освоија во ски скоковите во екипна конкуренција и сега имаат вкупно 13 медали.

Најмногу одличија имаат освоено Русија и САД по 18, но по пет златни.

Вчерашниот ден мина во знакот на спортистите на Белорусија, кои од пет финални дисциплини победија во две.

Преглед на освоените медали на шест дена до крајот на Игрите:

1. Германија (8 златни – 3 сребрени – 2 бронзени) 13 вкупно, 2. Русија (5-7-6) 18, 3. Холандија (5-5-7) 17, 4. САД (5-4-9) 18, 5. Норвешка (5-3-7) 15, 6. Швајцарија (5-2-1) 8, 7. Белорусија (5-0-1) 6, 8. Канада (4-7-4) 15, 9. Полска (4-0-0) 4,…

Вкупно 19 држави имаат освоено златен медал, а 26 освоиле барем еден медал.

Денеска на програмата се седум дисциплини на кои ќе бидат поделени медали.

]]>

Најчитани вести