Спортистите од Норвешка по освоените медали во текот на вчерашниот ден на Игрите во Сочи се доближуваат до Германците кои се натаму на првата позиција на табелата медали според освоените златни медали.
Германија има осум, додека Норвешка по двете злата освоени вчера во биатлон и нордиска комбинација има вкупно седум. Американците со два медала и Холандија по трите медали во брзо лизгање се селекциите со најмногу медали (20).
Биланс на освоени медали на пет дена до крајот на Зимските олимписки игри:
1. Германија (8 златни – 3 сребрени – 4 бронзени) 15 вкупно, 2. Норвешка (7-4-7) 18, 3. Холандија (6-6-8) 20, 4. САД (6-4-10) 20, 5. Русија (5-8-6) 19, 6. Швајцарија (5-2-1) 8, 7. Белорусија (5-0-1) 6, 8. Канада (4-9-4) 17, 9. Полска (4-0-0) 4,…
Денеска на игрите ќе бидат поделени осум комплети медали, ќе се играат и четвртфиналните натпревари во хокеј на мраз кај мажите, а двојките се: Шведска – Словенија, Финска – Русија, Канада – Летонија и САД – Чешка.
]]>


