ЗОИ: Поделени медалите во првата алпска дисциплина

На Олимпијадата во Сочи попладнево заврши Комбинацијата (спуст+слалом) во женска конкуренција со победа на Марија Хефл Риш.

Германката по утринскиот спуст беше петта, но тоа не беше пречка да го одбрани златото од претходните Игри во Ванкувер.

До златниот медал Хефл-Риш стигна со време 2:34.62.

Второ вкупно најдобро време по двете возења доволно за сребрениот медал оствари Никол Хосп од Австрија која зад победничката беше побавна за 40 стотинки.

Бронзата и третото место припаднаа на Џулија Манкузо (САД) со време 2:35.15. Американската скијачка беше водечка по спустот, но и со вкупното трето време беше презадоволна на целта.

Тина Мазе не успеа за само 10 стотинки да и го донесе вториот медал на Олимпијадата на Словенија. Мазе по спустот беше трета, но слабо го извози слаломот и на крајот заврши на 4.место.

]]>

Најчитани вести