ЗОИ: Поради повреда Плушенко ја заврши Олимпијадата

Евгениј Плушенко, рускиот натпреварувач во уметничко лизгање и освојувач на златен медал во екипна конкуренција поради повреда на грбот ги заврши своите настапи на Игрите во неговата земја.

Русинот по соопштување на одлуката за неговото повлекување изјави не знае дали ќе ја продолжи кариерата. На денешното загревање Плушенко се обидел да изведе неколку пируети, но по скоковите лошо се приземјил, отишол кај неговиот тренер и му рекол дека ја обновил повредата. Плушенко освен медалот во Сочи на Олимпијадите има освоено и злато во Торино 2006 и сребро во Ванкувер 2010 година.

]]>

Најчитани вести