ЗОИ: Ристевски падна, Лигети води на велеслаломската трка

Единствениот македонски алпски скијач Антонио Ристевски на Зимските олимписки игри во Сочи претпладнево не успеа да ја заврши трката во дисциплината велеслалом. Тој падна уште во првата четвртина од патеката и остана без пласман.

По првата трка води Тед Лигети (САД) кој патеката ја мина со време 1:21.08 минути.

На второто место по првото возење е Ондреј Банк од Чешка со 93 стотинки заостанување зад водечкиот Американец.

Давиде Симончели (Италија) е трет со време 1:22.35 или 1,27 секунди послабо време од Лигети.

Од фаворитите разочараа Боде Милер (САД) кој заврши на 26.позиција со 2.56 секунди побавно време од својот сонародник, додека Хрватот Ивица Костелиќ со заостаток 2,79 секунди е на 30.место.

]]>

Најчитани вести