Словенката Тина Мазе претпладнево го освои вториот златен медал на Олимписките игри во Сочи, откако беше најдобра по двете велеслаломски трки.
Мазе оствари вкупно време 2:36.87 доволно за голема радост и ново злато по првото од спуст трката.
Олимписката шампионка од супервелеслаломот Ана Фенингер го освои второто место и сребрениот медал. Автсриската скијачка по првата трка беше четврта со 85 стотинки заостанување зад водечката Мазе, а на крајот во вкупниот резултат само седум стотинки ја делеа од второто злато.
Најдобар резултат во втората трка забележа Германката Викторија Ребенсбург која на крајот имаше вкупно време 2:37.14, доволно за третата позиција и бронзениот медал.
Второпласираната по првото возење Џесика Линдел-Викарби на крајот заврши на 7.место додека третата по првата трка Надја Фанкини со вкупен заостаток од 38 стотинки беше четврта и остана без медал.
]]>


