Јустина Ковалчик на Полска и го донесе второто злато на Олимпијадата во Сочи, откако денеска победи во крос-кантри трката на 10 километри класичен стил. Времето на победничката е 28:17.8 минути.
Сребрениот медал го освои Шарлот Кала од Шведска со 18.4 секунди послабо време зад победничката.
Уште еден подиум за Норвешка во дисциплините од нордиското скијање обезбеди Терезе Јохауг која десетте километри ги истрча со време 28:46.1.
На денешната трка свое деби на Олимписките игри имаше Марија Колароска, вториот македонски претставник со настап во Сочи. 16-годишната Македонка од 75 натпреварувачки колку што се појавија на стартот трката ја заврши на претпоследното 74.место со 16.28 минути заостанување зад победничката.
]]>


