-Откако власта на ВМРО-ДПМНЕ ги презадолжи македонските граѓани за споменици, сега Никола Груевски подига нови милионски заеми за предизборни најави на автопати. Конечно Груевски го сфати тоа што со години го укажува СДСМ, дека се потребни инвестиции во капитални проекти.
Цел регион освен Македонија се поврза со модерни автопатишта со Европа, рече Петре Шилегов, порпаролот на СДСМ на денешната прес конференција.
-Последните месеци омилена активност на Груевски му е присуство на автопатите. Посебно омилена локација на Груевски му е автопатот Демир Капија – Смоквица. Неколку пати се појавува таму Груевски наводно да провери како се реализира изградбата. На овој прес ќе се задржиме на овој проект. Нешто чудно се случува околу изградбата на автопатот Демир Капија -Смоквица, истакна Шилогов и наброја:
Прво, чудно беше кога Владата на Груевски ја избра за најповолен понудувач грчката компанија Актор, иако од една италијанска компанија имаше понуда пониска за дури 40 милиони евра.
Второ, ЧУДНО БЕШЕ ЗОШТО ЗА АВТОПАТ ДОЛГ САМО 28 КИЛОМЕТРИ СЕ ПОТРЕБНИ 271 МИЛИОН ЕВРА! ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЛОМЕТАР АВТОПАТ. 1 КИЛОМЕТАР АВТОПАТ! 10 МИЛИОНИ ЕВРА!
Што е тоа што е извонредно скапо и невидено во изведбата на грчката компанија, за километар автопат, македонските граѓани да плаќаат фантастични 10 милиони евра?
Дури 220 МИЛИОНИ ЕВРА за овој зафат се ПОДИГНАТ КРЕДИТ од Европската Инвестициска Банка и Европската банка за обнова и развој! Пари што ќе треба да ги враќаат не само сегашните, туку и идни генерации во Македонија.
Трето, чудно беше и како му успеаа на грчкиот изведувач Актор да победи на тендерот за изведување на автопатот, со понуда којашто е идентична со парите во обезбедената финансиска конструкција на власта за проектот. Вкупната проектирана вредност изнесува 271 милион евра, од коишто за надзор на изградбата се предвидени 13 милиони евра. Тоа значи дека највисоката понуда можела да изнесува 258 милиони евра. Актор, замислете, дава понуда од 257 милиони евра! СО ШТО ЈА ИСЦРПУВА БЕЗ МАЛКУ ЦЕЛАТА СУМА НА ВЛАДАТА ОД 271 МИЛИОН ЕВРА!
Дали компанијата Актор АДГ Грција, подружница Скопје, знаела каква понуда да достави? Дали знаела дека ќе го добие милионскиот бизнис, па ги користи до крај скоро сите обезбедени средства за проектот од страна на македонската Влада, креирајки токму таква понуда за автопатот?
Четврто, на 25-ти јануари годинава, премиерот при посетата на автопатот изјави дека до тој момент се инвестирани 46 милиони евра. Но податоците покажуваат дека заклучно со 3-ти февруари, односно 9 дена по оваа изјава на Груевски, на Актор во Скопје му се исплатени 32 милиона евра. Дали на Груевски му се помешале некои бројки во милиони евра или премиерот нешто крие?
Колку пари требале да му бидат исплатени на изведувачот, а колку се реално исплатени премиере Груевски, праша Шилегов.
-Бидејки Груевски, како што гледаме по медиумите, е упатен за сите детали околу неговата изградба, а посебно за финансиските аспекти за автопатот Демир Капија – Смоквица, со внимание ги очекуваме неговите одговори, порача Шилегов.
]]>


