Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите.
Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата.
Возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип, а според жителите од улицата, тие се наоѓаат во добра здравствена состојба. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат од страна на истражните органи.
МИА


