Американскиот актер Френк Винсент, познат по улогата во серијата “The Sopranos” и неколку филмови на Мартин Скорсезе, почина во 78-та година.
Винсент имаше компликации по операцијата на срцето во болницата во Њу Џерси, објави ТМЗ. Во серијата “The Sopranos” го глуми гангстерот Фил Леотардо, главниот непријател на Тони Сопрано. Исто така, глумеше опасни момци во филмовите “Raging Bull”, “Goodfellas” и “Casino”.
Винсент е роден во Норт Адамс во Масачусетс, а во светот на шоубизнисот беше воведен од неговиот татко, кој беше аматерски актер. Своето деби го имаше во 1975 година, во филмот на режисерот Ралф Девит, “Death Collector” . Во текот на 40-годишната кариера често пати играше мафијаши, а особено беше познат по улогата на Били Батс во филмот “Goodfellas” од 1990 година.
На Винсент исто така беше музичар, комичар, продуцент и автор.
“Изгубивме одличен глумец и голем човек. Засекогаш ќе остане во нашата меморија”, изјави неговиот колега Винсент Пасторе.


