15 месеци затвор за поранешниот градоначалник Јовановиќ кој прегази човек и избега, семејството на прегазениот обвинува за поткуп

Телма. Братот на сега покојниот Игор, Срѓан Лазаревски е револтиран и разочаран од, како што вели, големата неправда што е нанесена на неговото семејство. Лазаревски обвинува дека на последното рочиште е доведено вешто лице од Скопје кое, според него, примило поткуп па несовесно била искривена вистината околу сообраќајната несреќа. Семејството Лазаревски ќе ја обжалат пресудата, а ќе бараат и материјално обештетување. Во април 2012 година, Срѓан Лазаревски беше прегазен во центарот на Куманово додека ноќе се враќал од работа. Случаен минувач го пронајде неколку часа по несреќата, уште десетина дена лежеше во кома, а потоа почина. Зад себе ја остави сопругата со две малолетни деца.]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести